Во Македонија вакцинацијата е непознат поим. Мисловна именка, за која само напразно се зборува дека ќе ја биде… Ама никао тоа „ЌЕ“, да стане „ДА“! И додека чекаме потписи, договори, протоколи, испораки, транспорт, списоци, приоритети… комшиите од север не само што наголемо вршат вакцинација, туку наскоро ќе почнат и да произведуваат вакцини, а најново е тоа што вакцинацијата и вакцината стигнаа и да ја опеат во песна. Или со други зборови, додека нашиве „килави политичари“ од власта како да ја добават вакцината се’ уште не смислија, Србите веќе и песна и измислија!
До душа опеана на хумористичен начин, во стилот на некогашните „Рокери с Мораву“, ама сепак забавен фолк хит кој е го пее цела Србија, а го изведува оркестарот „Ритам на ноќта“. Музиката и текстот ги напишал Влада Марковиќ, кој исто така ја отпеал песната и го толкува главниот лик во спотот.
„Ги гледав како се боцкаат на телевизија, па така ми дојде идејата. Исто како што не планирав да се вакцинирам, не ја планирав ниту оваа песна“ – вели Влада за српски „Објектив“.
Спотот е сниман во Белград, а првата локација е симболична – саемот. Приказната започнува со тоа што Миле трга да се вакцинира, додека во главата му е реченицата на неговиот кум: „Вакцината влијае на основните средства за одржување на домаќинството“, што влијае на неговата одлука тој да се предомисли во моментот кога пристигнуваа пред саемот. Решева да побегне од сопругата, па приказната продолжува во паркот Калемегдан, каде што на крајот сопругата ќе го пронајде и ќе го однесе на присилна вакцинација.
Погледнете го видеото: