Јована и Жељко Јоксимовиќ купија два нови автомобили! Додека многумина на естрадата се жалат дека се наоѓаат пред финансиски колапс поради коронавирусот, водителката и музичарот на почетокот на годината се подновија со џип и лимузина од марката БМВ, за што искеширале дури 250.000 евра!
„Јована секогаш возела добри автомобили. Како девојка се обидувала да има скапи автомобили, но и често да ги менува со нови и подобри модели. Жељко исто така! Најважно за него е автомобилот да биде удобен затоа што тој често патува по работа. Дури и кога има можност да оди на концерти во странство со авион, Жељко претпочита да патува со неговиот автомобил“ – вели добро упатен извор.
„Жељко не сака џипови, лимузината е најдобра опција за него. Тој секогаш вози само лимузини, а ги избира само во сива или црна боја. За разлика од него, Јована претпочита џипови. Во последно време возеше почесто, затоа што секој ден оди на работа во нивната телевизија К1, а и својот син Коста го вози на училиште. За неа е многу важно нејзиниот автомобил да биде црвен или бургундски“ – се надоврзува изворот и додава дека тие не ги смениле своите навики дури и при изборот на новите автомобили:
„Јована избра бургундски џип БМВ Х7 од 120. 000 евра, а Жељко сива, луксузна лимузина од 130. 000 евра. Јована го зачува и своето старо милениче на 4 тркала, исто така џип, но една година постар модел на БМВ Х6, додека пејачот го продаде својот двегодини стар црн седан БМВ“ – појасни изворот.
Освен што ја води Утринската програма на телевизијата К1, Јована стана и новиот главен уредник на државната новинска агенција Танјуг, па не е ни чудо што сега има доволно пари да купи поскап автомобил.
„Чест ми е што сум на чело на тимот на најдобрите новинари во земјата. Привилегија е да се има можност да се продолжи традицијата стара речеиси 80 години“ – изјави по тој повод Јована.
Фото: Јутјуб принтскрин/Папарцо лов/Инстаграм принтскрин/jjovanajoksimovic