Радио Милева

Добар домаќин: Победникот од „Ѕвездите на Гранд“ на гости кај Ристе Ристески

Добар домаќин: Победникот од „Ѕвездите на Гранд“ на гости кај Ристе Ристески

Велат дека на естрадата нема пријателството, но понекогаш пејачите тоа го демантираат со некоја заедничка фотографија.

Охриѓанецот Ристе Ристески, кој победи во претходната сезона на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, периодов кога не настапува се одмара во прекрасниот Охрид кој  освен што е атракција за туристите, е атракција и за јавните личности кои често настапуваат.

Ако Црна Гора ја има Будва, Македонија го има Охрид.

Ристе деновиве имаше посета од неговиот колега, Алекса Перовиќ . Посетата краеше кратко, но познатите музичари ја овековечија со една заедничка фотографија која се појави на социјалните мрежи.

Dosao mi drug u Ohrid ❤️?@aleksaperovic

A post shared by Riste Risteski Official (@riste_risteski) on

Веруваме дека Ристе се покажал како добар домаќин и на својот колега му ги покажал убавините на Охрид.

За потсетување, Ристе и Алекса заедно победија во претходната сезона на „Ѕвездите на Гранд“. Ристе победи по бројот на гласови на публиката, а Алекса по гласовите на жирито.

To top