Пандемоајта со коронавирусот кој во светот се појави на крajот на претходната година, а во Македонија се појави во март ни стави кочница на секојдневниот живот, обврски и ни го промени нормалното наметнувајќи ново нормално.
Токму и поради короната оваа лето повеќето го поминуваат на домашен терен, односно на плажа во нашиот Охрид, Дојран, или пак во Маврово.
Македонските водителки Милена Антовска и Ирена Спировска освен тоа што го искористија времето да се релаксираат на плажа, тие го искористија и да планинарат.
Добро, за Спировска ова не е ништо ново и поразлично, но и топлите летни жешки денови ги искористи за да стигне до врвот.
Водителката Милена Антовска заедно со планинарска екипа се искачи на врвот Лакосигној на Галичиц, а на „Инстаграм“ сподели неколку фотогрфии од убавина истакнувајќи дека кога пристигнала до врвот морала да се штипне бидејќи не знаела дали сонува или она навистина се случува.
View this post on Instagram
Од друга страна пак, Ирена Спировска повторно се пушти во авантура со искачување на врвот Голем Крчин (2341 надморска височина) кој се наоѓа на планината Крчин.
И двете водителки стигнаа до врвот, а како што вели нардоната – „Во здраво тело, здрав дух“.
фото: принтскрин/инстаграм/миленаантовска/иренаспировска