„Ромео и Јулија” е насловот на новата песна на ДНК! И ако се’ уште не сте ја слушнале песната и не сте го виделе спотот, сторете го тоа веднаш, колку да не сте во заблуда дека станува збор за романтична балада.
Музиката, текстот и продукцијата е на веќе докажаниот двоец Панчо и Лазар Цветкоски, додека аранжманот го потпишува 5R. Зад мастерингот стои Streaky од Лондон.
Видеото, пак, од кое дефинитивно скока притисок е работено со Cherry Cannon Studio. Извршни продуценти се Панчо и Илија Димкоски, кој стои и зад режијата, сценариото и воедно е и директор на фотографија. Зад камерата, пак, овој пат застанаа Моника Павловска и Андреј Бранковиќ. За шминката стандардно беше задолжена долгогодишната соработничка на ДНК, Елеонора Марк. Стилист е Богдан Ѓаковиќ МИНУС 1, додека асистент на продукција е Марко Ивановски.
Во кадрите кои се снимени во клубот „Епицентар”, пак, освен момците од ДНК, односно Панчо и Андреј, се појавуваат и танчарките од студиото Twerk Low Z(https://instagram.com/low_z_ и https://instagram.com/twerk_studio_low); Латин Принц, Мажестик (Александра Трпеска), топ моделите: Александра Накова и Емилија Розман и единствениот македонски кошаркар кој заиграл во НБА, Перо Антиќ.
Веројатно, сето ова е сосема доволно инспиративно за да се слушне песната и погледне видеото, кое само по себе е прилично уникатно и нешто досега невидено на домашен терен.
„Се трудиме секогаш да сме поразлични во она што го правиме, и кога станува збор за музиката, но и кога се во прашање спотовите. Имаме одлична екипа со која, пред сè, одлично се забавуваме на снимањето, но и екипа која даде сè од себе да имаме совршен финален производ. Има благодариме на сите кои се дел од оваа приказна. Веруваме во „Ромео и Јулија”, вели Панчо.
А вие за да поверувате во она што го нудат ДНК во нивното аудиовизуелно видување на „Ромео и Јулија“, проследете ја музичката видоприказна во продолжение: