По повод 20-годишниот јубилеј на ДНК и претстојниот концерт закажан на 3- ти декември во арената „Борис Трајковски“ Панчо и Андреј најпрвин преку својата Фејсбук страница ги повикаа фановите да споделат заеднички фотографии направени со нив во изминативе 20 години:
„Друштво, веќе сте запознаени дека на 3.12 го славиме нашиот роденден со голем концерт во арената “Борис Трајковски”.
По тој повод, се решивме да дадеме простор на сите вас кои не поддржувате од првиот ден и за време на концертот на големите лед екрани да се вртат фотографии кои ги имате направено заедно со нас низ сите овие години наназад. Фотографијата може да биде со двајцата (Панчо и Андреј) или само со еден од нив. Сликите може да ги испратите во инбокс на официјалната ФБ фан страна на ДНК или да ги тагнете нив на стори или пратите во ДМ на инстаграм профилите на Панчо (djshortypofficial) и Андреј (andrejdnk).
Ве очекуваме за заедно да ги евоцираме сите убави моменти“ – споделија двајцата членови на РНБ дуото заедно со една ретро фотографија од времето на нивните почетоци.
Во меѓувреме, многу нивни колеги, пријатели, соработници … подготвија и спакуваа интересно видео во кое кажаа што прво им паѓа на памет кога ќе им го споменат името на дуото ДНК, која им е омилена песна и, секако, кој е поубав Панчо или Андреј.
А, Панчо и Андреј се пресреќни и воодушевени од гестот.
„Навистина прекрасно изненадување. Видеото во исто време не насмеа и не разнежни. Од срце им благодариме на сите кои сте одвоиле време да бидете дел од честитката. Се гледаме на 3 декември во „Борис Трајковски““, велат Панчо и Aндреј.
Што кажаа: Каролина, Наум Петрески, Перо Антиќ, Елена Ристеска, Таско, Јанг Дади, Ферус, Бени Нон стоп, Борис од Дупер, Сузана Гавазова, Теа, Сергеј Ќетковиќ, Сара Јо, Антониа Гиговска, Лозано, Иван од Либеро бенд, Сара Мејс, Зоки Фаци, Миле Кузмановски … слушнете и видете во видеото во продолжение.