Промотер

ДЈ Боно и Кристина Димитри заедно во нивната деби песна и видео – „Карди“ (ВИДЕО)

ДЈ Боно и Кристина Димитри заедно во нивната деби песна и видео – „Карди“ (ВИДЕО)

Македонската мисица и модел, однеодамна и пејачка Кристина Димитри(евска) заедно со својот постојан музички придружник ( или таа негов) ДЈ Боно, ја промовираа првата заедничка песна и видеото за неа, насловена „Карди“.

Инспирацијата доаѓа од светски познатата музичка ѕвезда, контроверзната Карди Би.

„Имам луд ген и пет карактери, ама сепак не сум како Карди Би.  Со Боно го анализиравме и мојот карактер и мојот живот и така се роди инспирацијата за песната“ – отворено призна Кристина.

Боно ја скоцкал музиката, а заедно со Кристина ги склопиле и стиховите, а миксот, мастерингот и аранжманот вообичаено ги направил Иван Јованов – Ивајо. Режијата на видеото ја потпишуваат Били Ди и Никола Наумовски, кои во последно време стојата зад речиси секое ново видео на артистите под капата на „Урбан рекордс“.

Темелено на истиот проверен рецепт, брз и раскалашен живот, незаконски дејанија, црни пари, инстант гламур, скапи коли, евтина голотија…  во спотот Кристина одново го истакнува сиот свој телесен раскош и еротски потенцијал.

До душа со умерена доза на голотија, која е доволно примамлива да ги привлече љубителите на ваквата музика и уште повеќе оние кои истата многу повеќе ја слушаат „со очи“.

Кристина вели дека песната станала инстант хит и дека публиката веднаш ја препознала и научила да ја пее, на што е особено горда, па затоа и подготвуваат нова песна со ДЈ Боно.

Колку е успешна во музиката и дали стартот ќе ла лансира упште повисоко, ќе покаже времето… Во меѓувреме проследете ја „Карди“ на ДЈ Боно и Кристина и уживајте во нивнта заедничка музичка творевина: 

To top