Радио Милева кој би рекол?

Дипломирала со чиста десетка: Еве какво образование има Наташа Беквалац

Дипломирала со чиста десетка: Еве какво образование има Наташа Беквалац

Наташа Беквалац на по сцената е присутна повеќе од две децении. Иако почнала да се занимава со музика во раното детство, ја интересирале и други, сосема различни области, па решила да го продолжи образованието по средното училиште.

Имено, убавата новосаѓанка дипломирала на Вишата школа за спортски тренери. Љубовта кон спортот ја наследила од нејзиниот татко, врвниот фудбалски стручњак Драгољуб Беквалац, кој инсистирал да се запише во таа образовна институција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva)

– Беше многу убаво кога дипломирав со десетка. Во тој момент добив желба да го продолжам образованието.
На прашањето дали може да се замисли, на пример, во соблекувалната, додека на фудбалерите им објаснува како треба да играат на полувремето, Наташа одговори:


– Не, но се гледам себеси во некој убав фитнес центар, како им помагам на луѓето да се одржат во форма или да станат фит. Ова е она што сакам да го правам во иднина. Јас сум одличен теоретичар, но лош практичар. Знам дека им кажувам на другите за придобивките од здравиот начин на живот, но живеам на село, јадам нередовно. Се случува за дваесет дена да ослабам десет килограми – призна еднаш поп ѕвездата.

фото:Instagram/bekvalceva

To top