Промотер

Дина те повикува… „Дојди со мене“ (АУДИО)

Дина те повикува… „Дојди со мене“  (АУДИО)

По успешната „Вреди ли“, соработката со Cyrillic на песните „Во тебе се гледам“ и „Feel like“ Дина ни го најавува новиот сингл со наслов „Дојди со мене“. Полека но сигурно младата пејачка си го обезбедува местото на музичката сцена и се наметнува како една од поактивните млади изведувачи.

Дина која исто така се појави и на акустичната верзија на Eye Cue – Мојот крал, како придружен вокал, успева да се снајде на повеќе фронта и  да ја изненади  публиката со нова и свежа музика.

Таа го напиша текстот на песната, а како и на претходните песни и овој пат соработува со својот продуцент Бојан Трајковски (Ај Кју) со кој заедно ја напишаа музиката, а тој стои и зад аранжманот и продукцијата на песната.

Песната е снимена во студиото „Music House“  и за истата е изработено и lyric видео, а Дина во соработка со својата продукција најавува музичка активност и во периодот што следи.

https://www.youtube.com/watch?v=KaELHUCKu4o

To top