По успешната соработка со братското електро поп дуо „Сирилик“, младата Дина Јашари ја претстави својата нова песна насловена „Последна минута“, на која самата се потпишува и како авторка на музиката и стиховите, а за снимањето, миксот и мастерингот и овој пат се погрижил стариот соработник на пејачката Иван Јованов – Ивајо.
Песнатае придружена во пакет со мошне едноставно, но необично видео во режија на Томислав Живковиќ, а како креатор на целиот проект е потпишан Томи Акимовски.
Освен Дина, во видеото се појавуваат и Давид Јашари, Дарко Ристовски, Дина Велкова, Кирил Костов, Марјан Наумов, Никола Панајотовиќ, Тамара Ангелова и Викторија Илиевска.
Талентираната кантавторка и овој пат се покажува во солидно издание, а нејзината музика е вистинско освежување на домашата сцена.
Како звучи и изгледа нејзината „Последна минута“ дознајте во продолжение.