Дина Јашари деновиве ја промовира својата нова песна ,,Досада”. Целокупен автор на песната е Дина, аранжманот го направија заедно со Драги Иванов кој исто така стои зад миксот.
Досада има и свој видеозапис режиран од Борјан Стојков, снимен од Мирослав Илиќ, монтажата и продукцијата се на Давид Николовски во соработка со Пирка АВХ.
Главната улога во спотот (покрај Дина) ја игра Лазар Христов, а за момент се појавува и Лука Тошев. Стајлингот е на Сара Стојчевска, во соработка со Игралиште и Cactus Design.
,,Песната е направена помеѓу тие четири ѕидови каде што бев приморана да бидам, во мојата соба, во досада, во времето што застана и мислевме дека никогаш нема да се врати во нормала.
Како што се гледа во видеото, правењето музика го користев како начин за убивање досада.”
Како сето тоа звучи и изгледа кога Дина прави музика за да „не умре“ од „Досада“ во продолжение може да се погледа: