Младиот македонски виртуоз на хармоника Димитар Митровски има нова музичка тема и за неа нов видеоспот.Се работи за инструменталната тема „Balkan Fusion“, која како шпо кажува и самиот наслов е своевиден спој на повеќе правци и стилови: класика, џез… во кои е вткен стилизираниот фолклор на балканските народи. Интересна фузија која звучи единствено, за која музиката ја напишал самиот Димитар Митровски, а ранжманот е заеднички со Кирил Стојчевски.
Сето тоа е снимено во студиото „Гимел“, додека на темата свират – Хармоника: Димитар Митровски, Пиано: Кирил Стојчевски, Бас гитара: Коста Стевановски и Ударни инструменти: Трајче Ивановски.
Видеото го изработил познатиот Тома Влашевски-Кубата во неговото “КУБА ВИДЕО”.
„Голема благодарност до сопствениците на КАМАРИТЕ кои несебично ни овозможија видеото да го снимиме во кафе-барот. Благодарност и до ЛИНКЕСТИ кој ни помогнаа околу гардеробата што ја носиме на видеото. Поздрав и до најстариот и најоргиналниот шанкер во Битола – СОКЛЕ и сите кои на било кој начин ни помогнаа видеото да изгледа вака како сто изгледа“ – напишал авторот во постот под видеото на Јутјуб, кое можете да го погледнете во продолжение.
https://www.youtube.com/watch?v=DqgHMft4gN4&feature=youtu.be