Промотер

Димитар и „Тајфата“ со десет згодни девојки во „Не си моја” (ВИДЕО)

Димитар и „Тајфата“ со десет згодни девојки во „Не си моја” (ВИДЕО)

Летните одмори веќе завршија и време е да се засукаат ракавите, па Тајфата и Димитар Андоновски се фрлија на работа и снимија нова песна. Станува збор за нумера која ќе се најде на нивниот деби албум кој треба да биде промовирам многу наскоро.

Новото музичко парче на ортаците од „Тајфата“ се вика „Не си моја“, а како автори се потпишуваат по кој знае кој пат македонските хитмејкери, братско-сестринскиот креативен тандем Лазар и Магдалена ена Цветковски.


Интересна љубовна приказна преточена во уште поинтересен видеоспот во кој освен Диме, Аце, Влатко и Чирта, се појавуваат уште 10 преубави девојки.


„Публиката доволно чекаше да извадиме нова песна. Лазар и Ена направија уште една одлична тема за која убедени сме дека ќе им се допадне на сите што слушаат добра музика. Инаку спотот се снимаше на неколку различни локации во Скопје, а Дарио Јанковиќ си ја заврши маестрално својата задача“ – велат од бендот.


Што се однесува до настапите, Тајфата и Димитар  буквално глава не можат да кренат од госттвања  ширум државата, но сепак ветуваат дека во иднина ќе бидат многу поактивникога станува збор за нивната авторска музика.

Во меѓувреме, уживајте во убавината на симбиозата на звукот, стиховите и кадрите од видеото на нивната „Не си моја“:

To top