Радио Милева

Димитар и Сара Мејс со празнична честитка покажаа на кого личи малата Илина (фото)

Димитар и Сара Мејс со празнична честитка покажаа на кого личи малата Илина (фото)

Познатата брачна двојка, водителот Димитар Атанасовски и пејачката Сара Мејс Новата година ја дочекаа во проширен семеен состав.

Нивната наследничка Илина ги радува во секој заеднички поминат момент, а во овие празнични денови тие уживаат во домашна атмосфера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sarah Mace (@sarahmace_official) on

Како и повеќето познати, така и Сара и Диме откако се роди нивната ќеркичка, не сакаа да го откриваат нејзиното лице пред медиумите и јавноста, но токму овој празничен преиод одлучија сите да се облечат во новогодишна облека и да позираат заедно покажувајќи ја малата принцеза.


Мама и тато насмеани од уво до уво ама и Илина која е неодоливо насмеана и облечена во празничното бебешко комплетче.

-Нека 2019 донесе задоволство, мир и среќа на сите нас, напиша гордиот тато во описот на фотографијата.

Дали Илина личи на Диме или на Сара, проценете сами.

To top