Денот на жената 8-ми Март не само паразник кој ќе мине туку така. Покрај се друго, на нивниот ден традицијата наследена од социјализмот налага на дамите вообичаено да им се даваат и некакви подароци. Ситни или крупни, сеедно, кој колку може да си дозволи… Важно е вниманието!
Девојка или сопруга, љубовница или колешка, барем еден цвет заслужува да осамне во нејзините раце, заедно со осмомартовската честитка, се разбира! Но, некои одат и многу подалеку, па подаруваат многу повеќе од обична ситница, нешто многу поскапо, повредно, а во случајот на водителот и маркетинг претприемач Димитар Атансовски и ептен оригинално и уникатно!
Имено, тој својата исто така позната сопруга, харфистката и пејачка Сара Мејс, реши да ја изненади со ептен уникатен подарок за денот на жената. Како што е познато, по најавата за драстично поскапување, деновиве тепачка за гориво на бензинските пумпи. Редици и колони возила, побарувачката огромна, а на многу места количината ограничена. Плинот, бензинот и нафтата и буквално станаа „црно злато“, вредно како и она, вистинското.
Затоа Димитар покажа колку е снаодлив и итар, па со еден оригинален потег реши две обврски.
Како прво, се спасил да не му ја мисли, шета, бара, пребира, губи време… што подарок да и купи на Сара за денот на жената, а како второ, со изборот што го направи, покажа дека е ем уникатен, ем подарокот „вреден и златен“.
Имено, водителот на својата сакана сопруга за 8-ми Март и подари вредносна картичка за гориво од 5.000 денари.
Сара не само што беше воодушевена што ќе може гратис да вози, туку остана и стаписана, а од радост за малку не и потекоа и солзи, од уникатноста на идејата на нејзиниот сопруг.
Подарокот, ем практичен, ем вреден, а славеничката, ем среќна, ем… „верна“!
Фото: Инстаграм принтскрин/dimitaratanasovski_