Пејачката и харфистка Сара Мејс го отпочна осмиот месец од бременоста.
Таа заедно со сопругот и ќеркичката Илина е на како што вели незаменливиот летен одмор во нејзиниот живот во Сиде- Турција.
Оттаму редовно обравуваат фотографии и видеа, што повеќе е во пракса на Сара отколку на Димитар, но овој пат за промена тој сакаше да ја замени и да открие нешто повеќе за неа пред следбениците.
Имено, Димитар ја снимаше бремената сопруга додека јаде салата и напиша дека веќе 14 дена е само на салата, челични нерви има, напиша тој во коментар на фотографијата.
Инаку, Сара изгледа одлично со трудничкиот стомак, а дека е задоволна од својот изглед во трудничките денови докажува нејзината самодоверба додека позира во бикини.
View this post on Instagram
Своевремено за својата прва бременост Сара изјави дека тешко се врати во форма, а овој пат поучена од своето тело и организам во бременост, таа се ставила на строг режим.