Радио Милева

Димитар Андоновски ја покажа својата нежна страна, па јавно и се обрати на сопругата: „Ти си ми мотивација да се борам секој ден!“

Димитар Андоновски ја покажа својата нежна страна, па јавно и се обрати на сопругата: „Ти си ми мотивација да се борам секој ден!“

Македонскиот пејач Димитар Андоновски во 2015 година заплива во брачните води со неговата сопруга Христина.

По две години од бракот, нивното мало семејство се збогати со уште едн нов член, односно нивниот син Михаил кој веќе сега има три години и ги радува мама и тато.

фото: Инстаграм

Неодамна, Диме во интервју за ммс.мк откри дека карантинот придонел неговиот брак да биде уште посилен од претходно.

-Благодарение на карантинот мојот брак се зајакна и стана посилен. Уживаме во секој миг со Михаил и Христина и му благодарам на Бог што ми благословил да се баш тие дел од мојот живот. Бракот се состои од вистинска и чиста љубов и мислам дека само таквите бракови ќе се зајакнат и ќе опстанат во сите искушенија. Како викаат: “Оној што е силен и истраен во тешко време, станува уште посилен кога ќе помине“, вели пејачот.

фото: Инстаграм/димитар андоновски

Тој е активен на своите профили на социјалните мрежи, а овој пат ја покажа и својата нежна страна, односно јавно и се обрати на сопругата.

„Не можеш да замислиш колку ми помогна да станам подобра личност и добар татко и сопруг. Ти си мојата мотивација да се борам за тоа секој ден!, напиша Андоновски во описот на заедничката фотографија.

фото: фејсбук
To top