Откако во месец март ја објави во аудио верзија песната „Само ти’“, неколку месеци подоцна поп-пејачот Димитар Андоновски реши песната да ја финализира и со видео спот.
Во видеозаписот, кој е на повеќе локации во Катланово и Козјак, покрај Диме се појавува и младата актерка Душица Тренова.
Инаку, музиката и аранжманот ги потпишува Лазар Цветкоски, а текстот е дело на Магдалена Цветкоска Ена.
Погледнете: