Во КБЦ Земун, каде Дарко Лазиќ е од 23 октомври, кога доживеа тешка сообраќајна несреќа, вчера, петок, 16 ноември едно осудено лице кое божем било доведено на под затворот на преглед, се распрашувало кај лекарите и медицинскиот персонал во споменатата болница, сакајќи да дознае што разговарал пејачот со полицијата кога таа дојде да го сослуша по сообраќајката, и дали навел некои од имињата на луѓето од кои купувал дрога.
„Еден осуденик поради неговите здравствени проблеми побарал да му се изврши преглед во болницата во Земун. Тој придружуван од страна на полицијата дојде до болницата. <Сепак, веднаш по неговото пристигнување во установата, веднаш од портата тргна кон собата на Дарко.
Но, влезот во зградата во која што се наоѓа Дарко Лазиќ беше заклучен, па лицето во очекување на прегледот во болницата упорно се обидуваше да дознае што им признал Лазиќ на луѓето со кои е во контакт и што тој и кажал на полицијата при сослушувањето“ – вели извор за српските медиуми.
„Најмногу го интересираше дали Дарко зборувал за дилерите со кои бил во контакт. Тој дури и го праша докторот: “Дали ги издаде дилерите?” – вели изворот и тврди дека никој од вработените не сакал да разговара со него на таа тема.
Откако сторителот завршил со рентген снимањето, го напуштил КБЦ Земун.
Да потсетиме, полицијата за прв пат по несреќата Дарко го испрашувала на 31 октомври, но поради се’ уште нестабилната ситуација во која тој тогаш се наоѓал, не бил во можност да разговара со нив, па полицајците се задржале само неколку минути.