Познатата актерка Џулија Робертс откри зошто одбива да снима голи сцени во филмови.
Актерката објаснила дека жените секогаш чувствуваат притисок поради тоа и дека нејзиниот избор е воден од нејзината одговорност кон другите жени.
„Знаете, никогаш не смеете да ги критикувате туѓите избори. „За мене, одлуката да не се соблечам на филм или да не бидам физички ранлива е избор што го направив за себе“, изјави Робертс во интервју за британски Вог.
Исто така, актерката признала дека подоцна решила да не снима сцени во кои ќе биде гола поради децата.
View this post on Instagram
„Знаете дека јас не го правам тоа, па дури и да ме замолите да направам нешто такво, мора да знаете дека тоа мора да биде во поблага форма. Јас како мајка на три деца така се чувствувам“, рече таа.
Џулија Робертс е во брак со кинематограферот Дени Модер 22 години, а заедно имаат три деца.
Фото: printskrin/instagram/juliaroberts