Домот на Џенифер Анистон е доказ дека популарната актерка има уште еден талент. Имено, дизајнот на ентериер е област во која таа се истакнува.
Од создавањето на профилот на Инстаграм, Анистон им даде на фановите поглед на нејзината приватност и личен простор, откривајќи дека има голем интерес за дизајнот на ентериер.
View this post on Instagram
Во 2011 година, Џенифер купи имот од 1965 година, а куќата беше естетски далеку од она што го сакаше. Имотот во Бел Ер вреди 21 милион долари. За да ја уреди околината на куќата, актерката собрала тим дизајнери на ентериер и екстериер и со нив ја создала својата оаза. Педесет и четиригодишната Џенифер Анистон веќе неколку пати проговори за нејзината страст кон дизајнот на ентериер и не е тајна дека таа страст можеби би ја претворила во кариера доколку не станела актерка.
– Сакам да поврзувам домови и да создавам простори. Можам да отидам дома и да видам што и треба. Тоа е забавен процес. Јас напредувам во текот на тој процес – изјавила Анистон и открила дека таа и нејзиниот поранешен сопруг често се расправале околу украсувањето на куќата бидејќи понекогаш немале иста визија.
View this post on Instagram
Домот во кој Анистон живее со кучињата се простира на 8.500 квадратни метри и има четири спални соби, шест бањи, винарска визба и луксузен базен. Кога го украсувала својот дом, сфатила дека ја привлекува дрвото, каменот и бронзата, материјали кои имаат вистинска суштина и длабочина.
– Колку и да е нешто убаво или гламурозно, тоа мора да биде топло и привлечно за да се чувствувате добро во просторот. Покрај тоа, парче мебел треба да изгледа секси, но удобноста сепак е на прво место – изјавила Џенифер.
Фото: Принтскрин/Инстарам/Џенифер Анистон