Радио Милева криеше со месеци

Џејла Рамовиќ конечно го покажа новото момче (фото) 

Џејла Рамовиќ конечно го покажа новото момче (фото) 

По сите скандали кои ја следеа Џејла Рамовиќ, младата ѕвезда на Гранд конечно објави слика со своето ново момче.
Познато е дека пејачката го крие приватниот живот и никогаш не зборувала за својот љубовен живот, а сликите од Дубаи открија дека таа сега е многу заљубена. Нејзиното срце го освои младиот клавијатурист Исак од Сараево, кој веќе извесно време ја придружува Џејла на сите нејзини настапи.

“Џејла е прилично затворена и сите ги изненади со  ликите од Емиратите кои ги објави. Веднаш се дозна кое е ова момче бидејќи е во нејзиниот бенд и ја следи на секој чекор. Имаат исти интереси и желби. Тие често се заедно, но никој не знаеше дека се во тајна врска.Никогаш не се држеле за рака во јавност, до сега биле на дистанца бидејќи не сакале да се дознае нивната љубов“, вели една од колешките на пејачката.

„Таа потекнува од такво семејство и не сака да се експонира, секогаш се бранела со молчење, па ни сега нема да потврди дека е во врска со Исак, иако оваа љубов трае веќе  неколку месеци, а нејзините родители ги поддржуваат затоа што го запознале и многу им се допаднал затоа што внимава на неа и се грижи за неа на нејзините настапи“, заклучил изворот.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

To top