Tрите девојки од музичкиот бенд „The Chicks“ имаат ново музичко надополнување со видеоспот.
Наталија Мејанџиева, Сандра Јорданова и Моника Ѓорѓиева, трите распени „пилиња“ од групата овој пат на својата публика им ја подаруваа песната насловена како „Wreckin’ nights“.
Музиката е дело на Александар Чекреџи, а текстот го потпишуваат девојките од „The Chicks“.За аудио продукцијата се погрижил Александар Ристовски-Принц, миксот и мастерингот ги изработил Златко Симионски -Зеко од „ДоРеМи“ продукција.
Видеоспотот пак, е дело и креација на Александар Ристовски – Принц, а главен актер е Исидор Јовановски.
Во продолжение слушнете ја „Wreckin’ nights“.