Кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ, почина во февруари минатата година, како резултат на сериозните повереди во тешката сообраќајна незгода што ја доживеа во Германија и зад себе остави голема тага. Неговата сопруга Гордана, децата и внуците, како и целата јавност и сите обожаватели на неговата песна не можат да ја прежалат неговата загуба.
Иако не се истакнува често во јавноста, внукот на Шабан е всушност познат српски фудбалер од помладата генерација. Но, Лука Аџиќ, привлекува големо внимание не само заради тоа што е внук на фолк легендата и син на ќерката на Шабан, Санела и нејзиниот поранешен сопруг Иван Аџиќ.
Младиот фудбалер не остава ниту една девојка рамнодушен со својот изглед, па припадничките на понежниот пол буквално „лудуваат“ по него, иако неговото срце, барем засега и припаѓа на една Александра.
Двајцата се во врска веќе неколку месеци, љубов што ја криеја од јавноста се’ до неодамна, а се чини дека двајцата уживаат во нивната романса.
Инаку Лука играше за „Црвена Звезда“ две години, потоа се пресели во белгискиот првак „Андерлехт“, а сега е на позајмица во холандскиот прволигаш „Емен“.