Партнерката на Огњен Амиџиќ немаме можност многу да ја гледаме со оглед на тоа што таа е во блажена состојба, таа не објавува ништо на нејзиниот Инстаграм профил, но сега направи исклучок.
Мина Наумовиќ сега ужива во бременоста далеку од очите на јавноста. Инаку, таа неодамна се огласи по навредите на нејзина сметка кога напиша отворено писмо во кое објави дека целосно се повлекува од јавноста – но сега направи исклучок.
Мина ги израдува своите фанови и објави селфи без трошка шминка, а бременоста многу убаво и влијае, можеме да заклучиме од фотографијата.
Да потсетиме, Мина неодамна по морето од навреди кои ги доби преку социјалните мрежи го објави следново:
– Веќе со месеци ги трпам најлошите навреди и закани поради медиумска кампања (намерно го користам тој термин) при која се шират еден куп лаги и во која ме претставуваа како негативец. Молчев, затоа што така избрав. Во петтиот месец од бременоста веќе не сакам ниту треба да бидам изложена на тоа, барем не на мојот Инстаграм профил. Се скрив зад камерите и се повлеков од јавниот живот бидејќи во овој момент ми треба приватност и мир – напиша Мина и додаде:
– Ако сепак треба да седите на мојот профил, чекајќи да видите каде сум и што правам, направете го тоа во тишината на вашите темни ходници, бидејќи во спротивно нема да имате можност. Секој профил што ќе ми испрати нешто лошо ќе биде блокиран. Се разбира, имајте на ум дека тоа нема да ви ги реши проблемите или да ви ги плати сметките. Се најдобро – изјави водителката.
Фото: Принтскрин/Инстаграм