Дарко Лазиќ полека оздравува од тешката сообраќајна несреќа која ја доживеа претходната недела во близина на неговото родно место Брестач.
Пејачот беше шест дена во вештачка кома, а му беше направена и една операција, а сега неговата девојка открива кога повторно пејачот ќе оди во операциона сала.
„На Дарко му е закажана операција за среда. Не можеше порано бидејќи докторите чекаа да му заздрави левото белодробно крило која беше оштетено по сообраќајната несреќа. Докторите не смеа да ризикуваат бидјеќи можеше да му се влоши здравствената состојба, па затоа ќе го оперираат следната недела“, вели Марина за „Информер“ и додава:
„Дарко чувствува болка, но многу повеќе ќе го болеше ако не беше на лекови. Само уште да му ја оперираат и пукнатата коска на десната нога и се ќе биде супер“ вели девојката на пејачот.
За потсетување, претходната недела пејачот имаше тешка сообраќајна несреќа и се здоби со тешки телесни повреди.