Победничката на „Задруга 2“, Луна Џогани по завршувањето на реалното шоу одлучи да се посвети на музичка кариера.
Луна вчера ја издаде својата прва песна „Девети круг“ која за еден ден има повеќе од милион прегледи.
Неколку пати досега Луна истакна дека прва песна ја посветила на себе, а во текстот се зборува за тоа низ што поминала последниот период на емотивен план.
Музиката ја правеше Славко Миловановиќ, а текстот е на Виолета Мијахловска.
Македонскиот продуцент Дарко Димитров се погрижи за аражманот на песната на Луна, а Антониа Гиговска ги отпеја придружните вокали.
Познато е дека Дарко соработува со многу пејачи и пејачки од регионот, а неодамна и го направи аражманот на песните на Анастасија Ражнатовиќ.
Во продолжение слушнете ја новата песна на Џогани.