Мегафон

Детскиот фестивал „Поточиња“ на 24 и 25 март прославува 15 години јубилеј

Детскиот фестивал „Поточиња“ на 24 и 25 март прославува 15 години јубилеј

Пролетта во Скопје традиционално е резервирана за детскиот фестивал „Поточиња“. Новото издание „Поточиња 2018“ ќе се одржи на 24 и 25 март 2018 година во Македонска опера и балет и воедно ќе значи прослава на 15 години јубилеј на овој реномиран детски фестивал.

Организаторот „Пап продукција“ најавува специјално роденденско издание исполнето со нови песнички, прекрасни приказни, изненадувања и специјална роденденска програма. Домаќин на дечињата ќе биде популарната маскота „Поки“, која ќе ја води публиката низ ова јубилејно издание.

На репертоарот се 6 претстави со почетоJк од 11.00, 13.00 и 19.00 часот. Билетите се веќе во продажба на билетарницата на МОБ, „Југотон“ и онлајн на www.jugoton.mk.

To top