Радио Милева

Детали кои малкумина ги знаат: Сопругот на Вики Миљковиќ има ќерка од првиот брак која ретко ја гледа (фото)

Детали кои малкумина ги знаат: Сопругот на Вики Миљковиќ има ќерка од првиот брак која ретко ја гледа (фото)

Познатата фолкерка Вики Миљковиќ е во брак со композиторот Драган Ташковиќ -Ташке од 1994 година и го добија синот Андреј, кој неодамна наполни 13 години.

Малкумина знаат дека Андреј не е единственото дете на Драган. Имено, Вики му е втора сопруга, а од првиот брак ја има ќерката Јелена, која ретко се експонира во јавност покрај татко си и познатата маќеа.

Таа живее и студира во Германија, и секогаш кога ќе има можност, времето го поминува со нејзиниот татко, Вики и полубратот во Белград.

фото:принтскрин/glossy/espreso.rs

-Нашиот син и неговата сестра по татко феноменално се согласуваат. Тој оди во германско училиште, а таа му помага во домашните задачи и јазикот. Јелена доаѓа во Белград само за време на празниците, па сака да ја прегрне и бакне, но и да се кара со неа. Тој едноставно гледа дека браќата и сестрите се расправаат, па затоа, онака, измислува некаква причина за расправија. Тие се крајно врзани еден за друг – вели Вики и ја открива нејзината врска со ќерката на Ташке.

– Таа порасна со нас. Не сакам да зборувам за односот што го имаме затоа што луѓето од нашето опкружување се добро запознаени со тоа. Во еден момент сме како мајка и ќерка, а во следниот како пријателки или сестри. Двете навистина имаме прекрасна врска, откри Вики во една прилика за српските медиуми.

To top