Иако Ана Севиќ одамна ја нарекуваат поранешна сопруга на Дарко Лазиќ, таа се уште е негова законска сопруга. Како што пренесуваат српските медиуми, добро известени извори информираат дека парот одлучил секој да си продолжи по свој пат, но да не се разведуваат поради поделба на имотот и алиментацијата.
Како што се шпекулира, тој план вежел до десет дена пред сообраќајната несреќа на Дарко кога пејачот одбил да ги потпише документите за развод.
„Во почетокот беше договор да не се разведат, туку да продолжат разделно да ги живеат своите животи. Тој се сврши со девојката Марина, а Ана почна да се подготвува за својата свадба и дојде време да ги потпишат документите. Пред десет дена требаше да го средат тоа, меѓутоа Дарко во последен момент одби да ги потпише документите“, вели извор близок на Дарко и Ана.
За потсетување, пред сообраќајната несреќа Дарко се забавувал со своето друштво, а потоа тргнал кон Брестач каде што и доживеа сообраќајна незгода.
За потсетување, Дарко и Ана заедно ја имаат ќерката Лорена.