Мегафон концерт

„Depeche Mode Real Tribute“ во Скопје

„Depeche Mode Real Tribute“ во Скопје

“Devotion Depeche Mode tribute“ сe формирани во 2012 година, а една година подоцна учествуваат на конкурсот “Be a Depeche Mode“ на кој освојуваат најмногу гласови. Наредните години настапуваат на неколку регионални фестивали на балканот, вклучително големиот „Белградски пиво фестивал“ и уште многу други…

На репертоарот на “Devotion Depeche Mode Tribute“ се наоѓаат песни од сите епохи низ кои минуваа оригиналните легенди „Depeche Mode“.

Настапот во клубот „Станица 26“ е закажан за 27 декември 2019 (петок) со почеток во 20.30 минути. Влезните билети се пуштени во претпродажба и се во ограничен број, публиката може да ги набави преку продажната мрежа на MkTickets.

To top