Сестрата на младиот пејач Огнен Здравковски и виолинистка, Оле Здравковска, заплови во брачните води.
Оле на Денот на виното и вљубените, 14-ти февруари официјално стана мажена жена, односно госпоѓа Шундиќ.
Убавата вест на социјалните мреѓи ја сподели нејзиниот брат Огнен кој гордо се пофали со новината во нивното семејство.
Во прилог следеа и неколку фотографии, такви во ресторан, но и во матично каде младите ги ставија потписите и станаа сопружници.
Годишнината од бракот ќе им биде особено посебна, бидејќи судбоносното „да“ го кажаа токму на овој симболичен празник во кој се’ е во знакот на љубовта.
Инаку, Оле исто така е музички талентирана, а за разлика од својот брат Огнен и мајка си Софче, таа свири виолина.
Честитки за младите!