Радио Милева слатки како деца, славни како возрасни

Денеска се популарни, славни, јавни личности, вистински ѕвезди: Ќе препознаете ли како изгледале некои од најпознатите Македонци како деца? (ФОТО)

Денеска се популарни, славни, јавни личности, вистински ѕвезди: Ќе препознаете ли како изгледале некои од најпознатите Македонци како деца? (ФОТО)

Мали или млади, ведри, насмеани, разиграни, безгрижни… Кој имал помалку, кој повеќе од нив и нивните родители, кој растел во поголем или помал град или на село, но горе-долу сите од нив имале убаво детство, како што впрочем зслужува и секое дете на светот.

Растеле во други времиња, во малку поинаков свет, посреќна атмосфера, поинаква околина, поразлично уредување и опкружување…? Или не е се’ до времето и опкружувањето, туку во многу нешта има и во семејството, воспитанието, талентот, божјата дарба или образованието…?

И од едното и од другото секако, но како и да е, едно е сигурно: Сите од нив израснале и прераснале во зрели луѓе, здрави личности, со својот талент, труд, знаење, умеење, вештина… станале она што се денес, она по што нацијата ги препознава, со нив се гордее, споредува, за нив навива, се поистоветува… Познати, популарни, јавни личности, вистински радио и ТВ водителски, презентерски, музички, спортски… ѕвезди!

Ние направивме избор од нив, а вие обидете се да ги препознаете на споделените фотографии од детството некои од денес најпознатите Македонци и Македонки.

1. Уште како дететнце  со хармониката в разе иако и фудбалот му бил и се’ уште му е голема страст. Денес инструментот од детството го заменил со клавирот и сајзерот, иако пртепознатлив и познат стана посвојот „славеј глас“ и пеењето, по неговите големи хитови и балади што ќе останат. За овој кичевчанец родум со скопска адреса на живеење  велат дека е логично продоклжение на македонската поп икона Тоше Проески…

Ако се’ уште не го препознавате, вна фотографијата е… Влатко Лозаноски – Лозано.

2. Ова момче на црно-белата фотографија со долга коса е двоен макфестовски победник. Долго е на естрадата иако музиката не му главна професија, но сепак му ги донесе најубавите моменти во неговиот живот, а тој нам ни ги испеа некои од најубавите македонски балади, кои останаа вечни евергрино.

Штипјанецот кого веруваме дека веќе го препознавте на фотографијата од тинeјџерските години е Трајче Манев.

3. Некогашна манекенка и македонска мисица, подоцна презентерка и водителка се’ до не денес, кога е зрела жена по возраст, но со младешки лик по изглед. Убавина, шарм, стабилност и сигурност зрачат од нејзиниото лице, особено кога ги презентира вестите на Канал 5 ТВ , каде се краси последниве години. веруваме дека веќе погодувате за кого се работи…

Токму така, на фотографијата е Татјана Стојановска.

4. Русокоса и некогаш и сега. Со бејби фејс и тогаш и денес, кога е позната македонска фолк пејачка од македонската фолк елита, дел од таканаречената „прва лига“. Со манекенски стас и изглед на тинејџерка и глас на вистинска музичка ѕвезда.

Тоа што денес и е, македонската фолк пејачка Даниела Темелковска.

5. Музичар – парекселанс, трубач, некогашен член на Танцовиот оркестар на МРТ (Биг бендот), нехгов диригент, композитор, аранжер, музички директор на најпознатите  фестивали на забавна музика во Македонија. Борец, за зачувување на македонското музичко и културно наследство, една од македонските музички легенди…

На фотографијата тогаш како Титов пионер, денес едно од најзначајните живи музички имиња во Македонија, маестро Љупчо Мирковски.

6. Оваа русокоса госпоѓа во средината налик на мерлин Монро и две мали принцези што ја бакнуваат се, мајка и ќерки.. Сите три познати, популарни, почитувани… Таа некогашен новинар и уредник во Секторот за образовна програма и Редакцијата за училишна програма на МТВ, под чија капа беа некои од најгледаните училипшни и младински емисии и програми како: „Пулсирања“, „Ѕвон“, „Зимската рекреативна програма“… Тие нејзини ќерки, едната некогаш позната македонска поп пејачка, денес основач и предводник на  „Дајте ни крилја“ – здружението на граѓани за лица со дисфунцкии, хендикеп, ретки болести и посебни потреби и голем борец за нивните права, можности, услови за непречен и нормален живот и свое место во општеството.

Другата поранешен модел, член на балетското студио „Ребис“ и ТВ водителка, денс заедно со семејството жител на далечниот Нов Зеланд.

Веројатно веќе ви е јасно дека на оваа фотографија се Роза Катиновска и нејзините две ќерки, Ребека Јанковска и Хелена Роза.

7. И на крајот оваа славна дружина ја заокружуваме со фотографија од можеби најславниот меѓу нив. Македонската спортска и фудбалска легенда која е се’ уште активен професионалец кој длабоко во својата четврта деценија игра со страст, желба и сила како тинејџер, а прикажува партии како во најдобрите денови од својата богата интернационална и репрезентативна кариера.

Конечно игрите во италијанскиот Калчо и 100-те постигнати гола се реткост и привилегија не баш на секој што таму заиграл, а малкумина играле како што игра тој – нашиот Горан „Гранде“ Пандев!

To top