Семејството Јоксимовиќ денес важи за едно од најпопуларните во регионот, а Јована и Жељко имаат складен брак.
Јована Јоксимовиќ и Жељко Јоксимовиќ се запознаа пред 10 години кога заедно на сцена ја водеа Евровизија во Србија. Тие тогаш се запознаа и започнаа врска, а денес се во брак и заедно имаат три деца. Деновиве, тие повторно се најдоа на сцена на едно случување, а Јована не ја криеше радоста што заедно по 1о години повторно е на сцена со сопругот.
Јована не ги криеше емоциите, па на социјалните мрежи сподели фотографија.
„Првпат после 10 години заедно на сцена“, напиша Јована во описот на фотографијата.