Времето денеска ќе биде претежно облачно, попладне со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини со снег. Во ноќните часови врнежите ќе престанат.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а кон крајот на денот од северозападен правец. Температурата ќе достигне од 5 до 12 степени.
Во Скопје променливо облачно, попладне со повремен дожд. Кон крајот на денот ќе дува умерен северозападен ветер. Температурата ќе достигне девет степени.
Утре ќе преовладува облачно и постудено време, околу пладне и попладне со повремени врнежи од дожд, а на планините со снег. Повеќе врнежи ќе има во западните делови, а во вечерните часови врнежите ќе се поместат на исток.
Поради нагло заладување проследено со засилен северен ветер, кон крајот на денот врнежите ќе поминуваат во снег и на повисоките места, а во текот на ноќта провејување на снег е можно понекаде и во пониските делови на крајниот север и на крајниот исток од земјава.