Кристи Хефнер е ќерка на Хју Хефнер и ја создаде неговата деловна империја каква што всушност ја знаеме денес.
Хју Хефнер водеше повеќе од интригантен живот и имаше бројни жени околу себе, но онаа која ретко се појавуваше во јавноста со него и имаше големи заслуги во неговата деловна империја е неговата ќерка Кристи Хефнер.
Кристи, која сега има 70 години, дипломирала англиска и американска книжевност на Универзитетот Брандеис и ја започнала својата кариера како новинар, подоцна се приклучила на компанијата на нејзиниот татко и се искачила низ рангот за да стане нејзин извршен директор и претседател.
View this post on Instagram
Таа влијаеше на развојот на компанијата со префрлање на фокусот од печатење на Интернет со цел да биде во чекор со времето, а токму таа ги основа „Playboy TV“ и Playboy.com. Таа, исто така, ги затвори Плејбој клубовите и отпушти вишок работници, а под нејзино раководство компанијата стана најголемата светска компанија за забава за возрасни.
View this post on Instagram
Хју ја доби ќерката во бракот со својата прва сопруга Мили Вилијамс, со која беше од 1949 до 1959 година, а го и добија синот Дејвид. Контроверзниот основач на „Плејбој“ се ожени уште двапати, со Кристал Хефнер и Кимберли Конрад, со кои ги добија Купер и Марстон.
фото:EPA Images/Инстаграм