Денес, на социјалните мрежи многу често познатите јавни личности се вклучуваат во играта „Предизвик“, како еден вид копање по минатото како и во овој случај.
Деновиве без некој поголем повод или причина една наша позната Македонка го отвори албумот со спомени и се израдува на една фотографија од детството која одлучи да ја сподели и со јавноста.
Претпоставуваме дека дури и таа се изненадила од нејзиниот изглед бидејќи денес изгледа сосема поинаку.
Многупати досега сме ги виделе познатите кога биле мали но, секогаш има некој кој ќе објави некоја нова спомен фотографија која не сме ја виделе досега.
Шармантна уште од дете со сигурен став таа позирала пред фото – објективот па, може да забележиме дека и тогаш како и сега позирала како вистински модел.
Малата убавица денес е модел, мисица, пејачка..
Но, кога стануваш познат, луѓето на социјалните мрежи сакаат да знаат што повеќе за твојата работата, но заедно со тоа љубопитноста расте па, фановите обожаваат да ѕирнат и во твојот приватен живот.
Веројатно веќе погодивте која е малечката убавица на фотографијата, и тогаш и сега полна со самодоверба…
Ако се’ уште не ви текнува, еве да ви откриеме дека во прашање е сексапилната тетовка – Кристина Димитриевка.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Кристина Димитри