Фолк пејачката Драгана Мирковиќ денес е една од најуспешните пејачи, а во детството преживеала вистинска драма бидејќи неколку месеци поминала во болница поради болката во колковите. Имено, кога имала само една година, докторите забележале дека има исчашени колкови. И предвиделе дека едната нога ќе и биде пократка, а до втората година била во болница на операции и во гипс. Поради тоа до тинејџерските денови имала комшари и несоници.
Нејзиниот вујко на родителите им кажал дека ќе биде позната. Сестрата на Драгана, Душица Крумов прозбори како тоа било тежок период за нивното семејство.
„Тоа беше проблем кој се реши како што треба. Секако е трауматично, не е едноставно да го преживеете тоа. Многу ми е жал што не се запиша во музичкото училиште во Пожаревац, ја водеше дедо, го положи приемниот испит, вели сестрата на пејачката.
За потсетување, Мирковиќ живее во Виена со нејзиниот сопруг Тони Бјелиќ со кого има две деца, Марко и Мануела.