Радио Милева мешај селе, мешај...

Делириум во првите редови: Цеца ја фати Маја Беровиќ за колкови… а потоа заедно замешаа на концертот Александра Пријовиќ

Делириум во првите редови: Цеца ја фати Маја Беровиќ за колкови… а потоа заедно замешаа на концертот Александра Пријовиќ

Пејачките Светлана Цеца Ражнатовиќ и Маја Беровиќ вчеравечер беа во првите редови на концертот на нивната колешка Александра Пријовиќ, еден од трите закажани и однапред продадени  во белградска Арена.

Двете дополнително ја загреаја атмосферата кога во еден момент станаа и заедно танцуваа.

Но, кога започнала песната „Јас сум одлично“, Ражнатовиќ ја фати Беровиќ за колковите па заедно почнаа да ги нишаат и „да мешаат“ една зад друга.

Тие додека во еден здив ја пееја песната играа и предизвикаа буквален хаос и делириум од воодушевување во радиус од неколку метри околу нив.

Инаку двете беа облечени во лежерни кежуал комбинациии носеа фармерки. Цеца горе носеше бела кошула, додека Маја топ со циркони.

Фото: Инстаграм/telegraf_jetset

To top