Промотер

Дел од македонската естрада и „Проект среќа“ во хуманитарно – празнична мисија со песна – „Новогодишна“ (ВИДЕО)

Дел од македонската естрада и „Проект среќа“ во хуманитарно – празнична мисија со песна – „Новогодишна“ (ВИДЕО)

Здружението „Проект среќа“ предводено од  Кристина Арнаудова, го инцираше хуманитарно – новогодишен проект за сите деца од маргиналните групи и социјално загрозените  категории кои растат во субстандардни услови без покрив над главата, топол дом и кревет…

Арнаудова заедно со Ај Кју, Дарио, Дани, Ѓоко Танески, Лина Пејовска, Дарио, Биба Додева, Сара Мејс и Димитар Атансовски и децата од дневен центар за деца од улица „Шуто Оризари“ организирајќи се во своевиден македонски „бенд еид“ со празнична песна која во себе носи новогодишна хумана порака и повик за помош, ја заокружија 2019 година.

Песната се вика „Новогодишна“, а всушност, е приказна раскажана од малиот Фаик, со негови зборови, низ неговите очи, а „Новогодишна“ е дел од хуманитарната кампања на здружението ,„Проект среќа“ наречена:  „Топол дом за сите“, за реновирање на живеалишта каде што живеат деца, во тешки и нехумани услови , од целата земја, со акцент на руралните подрачја.

Музиката, текстот и аранжманот се на Бојан Трајковски од „Ај Кју“, снимана е во студиата „Габроски“ и „Мјузик Хаус“ додека видеото е со потписот на уметничкиот фотограф и режисер на видеоспотови Дарио Јанковиќ.

Преслушајте ја, погледнете го видеото и придружете се во кампањата…

To top