Радио Милева документарец во најава

Дејвид Бекам проговори за своето здраствено пореметување и откри детали кои досега беа непознати за јавноста

Дејвид Бекам проговори за своето здраствено пореметување и откри детали кои досега беа непознати за јавноста

Дејвид Бекам откри дека боледува од опсесивно-компулсивно пореметување, поради што често е буден навечер и оди низ дома и чисти работи, а поради неговата состојба еднаш се скарал со сопругата, бидејќи таа ставила нешта на место кое не му одговарало.

Поранешниот познат фудбалер Дејвид Бекам снима документарен филм, во кој ќе открие многу детали од својот живот, за кои јавноста не беше запознаена.

Проектот вреден 16 милиони фунти, меѓу другото, ќе ја открие неговата борба со OCD, која често го држи буден ноќе.

Дејвид претходно зборуваше за тоа како треба да ги држи предметите во права линија или во парови, а сега зборуваше за тоа како не спие.

– Кога сите ќе легнат, јас одам низ дома и чистам. Ги чистам свеќите, ги ресетирам прекинувачите, гледам дали е се’ во ред. Мразам да се будам во неред. Сечав восок од свеќи, чисто стакло – откри меѓу другото.

Тој објаснил дека бил свесен дека неговото однесување е чудно и признал дека се скарал со сопругата Викторија, бидејќи таа не ја ставила шејкерот на предвиденото место.

Документарецот за Бекам беше најавен минатото лето на Нетфликс, а ќе го прикаже почетокот на неговата кариера, успехот што го постигна, снимки од приватна архива, но и интервјуа со членови на неговото семејство и други важни личности од неговиот живот.

фото: Reuters

To top