Дејвид и Викторија Бекам на социјалните мрежи споделија како изгледа прославата на празниците во нивниот дом.
Поранешниот фудбалер објави фотографија на која седи покрај камин, а на главата има рогови.
Два дена подоцна, објави фотографија од истото место, но носи очила на познатиот музичар Елтон Џон.
Дејвид на социјалните мрежи објасни како славел Божиќ кога бил дете.
„Имав среќно детство. Моите родители работеа по цел ден за да можат да ни обезбедат се што ни е потребно. На Бадниковата вечер мајка ми ни даваше исти пижами, а татко ми одеше по поховано пилешко“ – се потсети Дејвид.