Младиот пејач Дејан Денесовски деновиве го промовираше неговото првенче, односно првата авторска песна со наслов “Пред да заминеш” која што ја претстави заедно со спот. Како што истакна овој ресенчанец во интервјуто за ИН ТВ, снимањето на видеото се одвивало на повеќе локации во Претор, а заедно со целата екипа која била вклучена во организацијата поминале одличен ден исполнет со убава атмосфера и позитивна енергија.
„Снимањето помина добро, иако имав малку трема меѓутоа излезе се како што треба на крај. Преспа располага со многу убави места, се снимаше во комплекс – ресторанот, апартмани и плажа Галакси. Музиката е на Миле Наумоски од Скопје, аранжманот го наоправи мојот сограѓанин, познатиот композитор од Ресен, Хари Котларовски, во чие студио и се снимаше песната. Видеото се снимаше со продукцијата на Охрид Скај која е и генерален покровител на овој проект.
Во спотот се појавува и македонската мисица, убавица и топ модел Кристина Димитриевска, за која сметам дека е девојка која зад неа има испишано историја како модел, а и самата е пејачка, па убаво е да се работи со такви луѓе“ – изјави Дејан, за гледачите на ИН ТВ.
Неговите очекувања се оваа поп балада да биде добро прифатена од публиката бидејќи како што вели тоа е најбитно за еден пејач.
Но, младиот музичар тука не запира. Во периодот што следи, Дејан најавува уште една авторска песна која веќе се подготвува.
Во продолжение погледнете го видеото за баладата на Дејан Денесовски „Пред да заминеш” и уживајте во природните убавини на Преспанското крајбрежје и сексапилот на раскошната убавица Кристина Димитриевска!
https://www.youtube.com/watch?time_continue=65&v=YgSMRMVHMfc&feature=emb_logo
Извор: Естрада+