Јелена Карлеуша ги засени не само сите колешки, туку и можеби сите досегашни свои објави со последниот сет разголени фотографии. Таа позираше во разни еротски пози: Стоечки, клекната, легната… само во сребрени чизми до под препони, додека на себе не носеше ништо освен ултра мини танга гаќички, на кои се гледа само врвката преку нејзините бокови.
Своите бујни гради ги покрила со рацете, додека нејзиниот голем заоблен задник доминира во преден план.Она што е интересно е описот на фотографиите: „Алфа“, што покажува дека Јелена всушност најавува нов албум со нови песни со овој свој пакет еротски фотографии, материјал што ќе го носи токму ова име.
Токму од таа причина, кај нејзините обожаватели возбудата е пуштена на најјако, особено кога ја видоа оваа објава. Што заради позите, што заради песните, бидејќи пејачката нема издадено албум од 2012 година, а фановите на Јелена со нетрпение го очекуваат излегувањето на новиот.
А белградската „мала од скандала“ во старт ги израдува, со тоа што албумот им го најави како да најавува филм за возрасни, а не материјал со нови песни.
Да потсетиме, Јелена во меѓувреме објави три дуета, со Аца Лукас, Азис и Газда Паја, а гостуваше и во песната „Марихуана“ на групата Милиграм.
Фото: Инстаграм принтскрин/karleusastar