Нова Година и Божиќните празници се веројатно најубавиот период од секоја зима. Целата еуфорија, украсениот амбиент, шарениот и светликав изглед на градот, продавниците, дуќаните, локалите, создаваат бајковита атмосфера, која сепак најпрвин се создава во домот.
И додека ваквата атмосфера почнува да се гледа и чувствува обично на некои 20 до 15 дена пред Нова Година, годинава убавата, млада, шармантна сопруга на нашиот познат и признат инфектолог Др. Вело Марковски, уште сега се погрижи новогодишната бајка да започне во нивниот дом.
Евгенија викендов ја пребарала оставата, подрумот, шупата… каде ли веќе ги чуваат потребните дребулии, па ги извадила кутиите со новогодишните украси и играчки и ги донела во домот. Светилки во разни бои, украси лампиони… полни картони. И секако големата новогодишна елка која е умешност да се накити со стил и вкус. А него шармантната Евгенија оддамна е очигледно дека го има, што се огледа во нејзиниот изглед, облекување, дотерување, стил… А кога сите предуслови се исполнети, китењето ина новогодишната елка и украсувањето на домот, може да започне.
Резултатот повеќе од очигледен… Елка за чиста десетка, што би рекол професорот Марковски. Стокмена со вкус, со сите лампиони во избрани бои, од подножјето до врвот, а под неа и по некое завиткано подароче. Домот исто така со по некое ситно новогодишно сувенирче и големиот Дедо Мраз што од сите нас, годинава избра прв да дојде кај семејството Марковски.
Можеби главната причина за тоа е што тие навреме подготвени сакаат да ја испратат старата и да го дочекаат првиот ден од Новата Година, зашто за тоа имаат двојна причина.
Имено, да потсетиме дека на првиот ден од оваа година, Евгенија се породи и по втор пат стана мајка. Таа на 1-ви јануари 2021-ва во 10 часот на свет донесе здраво девојче.
Можеби токму затоа, првиот роденден на малечката принцеза кој со нетрпение сите го чекаат е причина повеќе елката уште сега да биде накитена, а домот дискретно новогодишно украсен.
Впрочем, самата Евгенија во една прилика изјави дека е мајка која секогаш е и ќе биде подготвена да ги ислуша своите деца и да им ја даде потребната поддршка, а детските жлби се најголеми кога се чека да се појави Дедо Мраз со својата торба полна подароци, нели? Особено ако некои од нив ќе бидат и новогодишни за прв пат роденденски.
Гордите родители веројатно тоа навреме го проценија, па можеби токму затоа Дедо Мраз „порано пристигна“ кај Др. Вело и Евгенија!?
Фото: Инстаграм принтскрин/evgenija.markovska