Промотер

Деби албумот на „The Chicks“ надополнет со „Бакнеж“ (видео)

Деби албумот на „The Chicks“ надополнет со „Бакнеж“ (видео)

Откако во месец април годинава го објавија првиот сингл „Travelers“ за истоимениот деби албум, трите велешанки од музичкиот бенд „The Chicks“ сега имаат ново музичко надополнување.

Имено, тие го промовираат вториот сингл „Бакнеж“ кој ќе се најде на албумот, а за новата музичка тема објавија и видео.

Автор на музиката и аранжманот е Александар Чекреџи- Чекре, тeкст и аудио продукцијата се на Александар Ристовски- Принц, додека микс и мастеринг работеше Златко Симионски- Зеко, а видео го изработија „Тhe Chicks“.

И додека ја чекаме промоција на албумот која ќе следи понатаму, во некои посреќни времиња кога за тоа чќе се создадат вистински услови, слушнете ја и погледнете го видеото за „Бакнеж“:

To top