По учеството во регионалниот „Х фактор“, Давид Темелков продолжи својата кариера да ја гради во Хрватска, каде што изминативе неколку години соработува со едни од најреномираните музички автори , легендарниот Мирослав Рус.
По неколкуте поп теми и балади, дојде време е за мало освежување и нова музичка насока во кариерата на македонскиот пејач, што неодамна се огледа во излегувањето на песната „Свијет се промијенио“ или „Светот се промени“, која е во фанки-стил и отвора ново поглавје.
Песната засега ја има само на хрватски јазик, но се надеваме дека ќе имаме можност да ја слушнеме и на македонски. Во меѓувреме, „Свијет се промијенио“ доби и свој видеозапис кој пејачот одбра да биде снимен на улиците на македонската метропола, Скопје, кој го реализираше македонската видеопродукција „Мелем“, а видеопродуцент е Јосип Шукер.
Како изгледа визуелизацијата на најновата тема на Давид Темелков, со прекрасните кадри од проектот „Скопје 2014“, одбран по кој знае кој пат и од многупоголеми регионални ѕвезди ( Ж. Јоксимовиќ, З. Чолиќ, В. Стефановски…), да биде дел од нивните видеоспотови, погледнете во продолжение: