Македонскиот пејач Давид Темелков кого пошироката јавност го запозна како учесник на регионалното музичко талент шоу „Х -фактор“, последниве години успешно ја гради својата кариера во Хрватска. неговата нова песна е насловена „Балерина од стакла“ и е дело на реномираниот хрватски автор Мирослав Рус, чиј потпис стои на музиката, стиховите и на продукцијата.
„Песна што го носи духот на Балканот со светски призвук и која обединува од Охрид до Истра“ – вака ја најавуваат композицијата авторот и нејзиниот изведувач.
Давид не се ни обиде да го сокрие задоволството од објавувањето на новиот сингл: „ Интересно е тоа што, секој пат кога ја слушам, имам чустство дека ја слушам првпат. Мислам дека самиот наслов кажува сè за песната“ – изјавил пејачот, чија нова љубовна приказна е спакувана со исто толку импресивна екранизација, снимена во еден од најубавите бисери на Јадранското крајбрежје, познатата Опатија.
Сево ова е резултат од макотрпната работа и труд што Давид ги вложува во себе и во својот музички пат, што му се враќа на најдобар можен начин, па и со неговата „Балерина од стакло“, за која видото го изработила „Хит продукција“, а во него покрај Давид главната женска улога ја има убавата мис на приморско горанската жупанија, шармантната Катја Кухариќ.