Во време кога сите сме окупирани со паника и претпазливи мерки против пандемијата Давид ни ги разубави деновите објавувајќи нова песна насловена „Немам план Б“. Текстот, аранжманот музиката, миксот и мастерингот ги потпишува Темелко Андреев. Зад видеоспотот стои Владислав Гавриловски, а тој е снимен на повеќе локации а едната од нив е крос патеката во Велес, потоа с во Скопје и во тунелот кај Катланово.
Давид досега има издадено неколку песни на Српски јазик како што се: „Мој свет“, „Моја мала“ и „Злато моје“, а за најновата песна вели:
„Песната е на Македонски јазик. Иако претходно песните ги правев и на српски, оваа песна нема да има други верзии. Јас имам доверба во мојот продуцент Темелко и затоа текстовите се препуштени во негови раце. Јас сум сè уште млад, мојот тефтер треба уште да се доиспишува. За тоа време ќе научам уште многу нови работи. Исто така уште повеќе ќе се надградам како уметник, бидејќи не сакам никого да копирам. Што би рекол Брут: “Немам музички правец, јас сум музички правец“.
Инаку како што самиот вели, песната е инспирирана од личниот живот на Давид кој додава:
„Тоа што ми се случувало во последниот период, моите планови и луѓето кои сум ги избришал ,сето тоа е опфатено во песната. Тоа е тоа, немам план Б“.
Давид пред некое време беше номиниран на најголемиот музички спектакл во регионот, „Music Awards Ceremony (MAC 2020), а сериозно и се посветува на музичката кариера откако беше исконтактиран од „Балкантон“ тимот на Раста.