Радио Милева трета среќа

Давид Бабунски по трет пат стана татко: Македонскиот фудбалски репрезентативец по двата сина доби ќерка (ФОТО)

Давид Бабунски по трет пат стана татко: Македонскиот фудбалски репрезентативец по двата сина доби ќерка (ФОТО)

Македонскиот фудбалски интернационалец и репрезентативец,  Давид Бабунски и неговата сопруга Кристина по трет пат станаа родители. Самиот фудбалер ја објави радосната вест на социјалните мрежи, откако „штркот по трет пат слета“ во нивното „семејно гнездо“.

„Нашата ќерка Алина пристигна денеска. Малку порано од очекуваното, но перфектно здрава“ – споделил Бабунски.

Инаку, Давид и Кристина веќе имаат два сина, а сега добија и ќерка која доби  необично име, кое ретко го има во Македонија. Нека им е жива и здрава.

 

To top